Skip to main content
Хроника

Прегазена жена во Бутел

05/02/2025  17:49

Возач вчера околу пладне прегазил жена со автомобил во скопската населба Бутел, соопшти МВР. 66-годишната жена е пренесена во болница со тешки повреди.

„На 04.02.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(47) од Скопје, удрило во М.Н.(66) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се вели во полициското соопштение.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата.