Skip to main content
Хроника

Прегазена жена на крстосница во Скопје

12/11/2025  14:32

Вчера во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.