Skip to main content
Хроника

Прегазена повозрасна жена во Скопје, возачот побегнал

11/02/2026  15:00

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева” во Скопје, патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констат

ирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.