Skip to main content
Хроника

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот на автомобилот побегнал

29/10/2025  13:06

На 28.10.2025 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков” во Скопје, патничко возило удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.