Skip to main content
Хроника

Прегазен пешак во Гостивар – се здобил со тешки повреди

25/06/2025  15:04

МВР информира дека вчера попладне околу 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул. „Панче Попоски“ во Гостивар, патничко возило „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(46) од Гостивар, удрило во пешакот А.В.И.(41) од с. Форино, гостиварско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.