Денеска околу 11.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, кај Транспортен центар, автобус на ЈСП удрил во машко лице на возраст од околу 60 години, објави Скопје 1.
Лицето со возило на Итна помош е пренесено во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.