
И покрај зголемените полициски контроли продолжува да се вози брзо и да се случуваат сообраќајни несреќи, а вчера беше прегазен пешак. Во текот на вчерашник ден настрада малолетник.
На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, 61-годишен возач на „фолксваген голф“ прегазил 17-годишен пешак од селото Страчинци. Несреќата се случила вчера во 15:10 часот, а пешакот се здобил со тешки повреди, потврдени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.