Skip to main content
Хроника

Прегазен 67-годишен пешак од Скопје

24/06/2025  13:59

67-годишен пешак е тешко повреден на скопска улица.

– На 23.06.2025 во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува булевар „Никола Карев“ и булевар „Крсте Мисирков“, патничко возило „фолксваген лупо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Ј.(18) од село Сарај, скопско, удрило во И.Б.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје, стои во денешниот полициски билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.