Skip to main content
Свет

Предупредување за цунами: Земјотрес од 7,6 степени го погоди Хаити

09/02/2025  08:55

Голем земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран северно од Хондурас во Карипско Море.

MK Summit

Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри југозападно од Џорџ Таун на Кајмански Острови на длабочина од 10 километри.

По земјотресот издадено е предупредување од појава на цунами на територијата на Порторико и Дествените Острови.

Тоа е најголем земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити.