
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице осомничено дека им помогнало да го сторат делото, информираше Основото јавно обвинителство.
– Осомничените, двајца од Прилеп и нивниот помагач од велешко Ореше, на 10 мај со употреба на сила влегле во викенд куќа во селото Капиново. Тие намерно со запалива течност предизвикале пожар во викендицата. Во куќата во тој момент не биле сопствениците, но објектот бил целосно зафатен и била причинета поголема имотна штета. За сите тројца осомничени јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор. За двајца мерката е ефективна веднаш, а за третиот кој е во бегство притворот ќе се применува по неговото пронаоѓање и приведување – велат од ОЈО.