Skip to main content
Македонија

Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ по смртта на Фросина најавува законски измени за ваквите сторители во петок во Собрание

31/01/2025  20:37

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски истакна поддршка денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, и најави дека в петок во Собрание ќе започнат измените на законите, односно промена на квалификативите за што се обвинуваат сторителите на ваквите дела.

Како што вели, тие го поддржуваат денешниот протест на граѓаните по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова.

„Тоа што се случи вчера е еден грозоморен чин. Ние многу пати во минатото сме апелирале на нефункционалност на системот, па загрижувачки е кога системот ќе почне да убива луѓе како тоа што се случи вчера, под нејасни околности, тоа лице кое што сторило неколку кривични дела не било таму каде што му е местото, туку на скопските улици“, вели Стојаноски за телевизија Сител.

Тој најавува јавна дискусија

„Треба да се проверат оние членови на законите кои што ги терминираат казните за овие дела бидејќи сега вака како што се поставени, некој судија може да ги толкува на еден или на друг начин. Веќе во понеделник ќе почнеме со поставка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието, и тоа експресно брзо ќе се случи веќе наредната недела. Да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите дивјаци, ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети и овие дела повеќе да не ни се случуваат“, вели Стојаноски.

Како што вели, и овие 2% доверба во правосудството и судството се високи за сопствената работа која ја покажуваат.

„Ние какви и закони да сакаме да направиме, ако тие луѓе не си ја работат работата или ако наоѓаат дупки во законите да го прават ова што го прават, тогаш тоа нема да ги даде одговорите на прашањата“, вели Стојаноски.

Стојаноски додава дека треба да се интервенира во законите со цел да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.