Skip to main content
Македонија

Пратениците ја изгласаа интерпелацијата на Коцевски

29/07/2025  15:05

Со 71 гласа ЗА Собранието денеска ја изгласа предлог интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски.

– На Собранието му предлагам да го донесе следниот заклучок: Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител – рече потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, која ја водеше седницата.

Предлогот беше поднесен од пратеници од партијата Левица, но истата не е правно обврзувачка. Од таа причина пратеничката група на СДСМ ја напушти салата и не гласаше по однос на таа точка на дневниот ред.

„Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не. Ако точката беше одлука за разрешување, ќе отворевме дебата дали сме задоволни или незадоволни од работата на обвинителот, согласно членот 63 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде јасно стои дека Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за разрешување“ изјави пратеникот Јован Митрески од СДСМ.