
Пратеничките денеска ја започнаа кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојките“.
Излегоа на терен и делеа информативен флаер на граѓаните кој беше изработен на иницијатива на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со цел директно да ја приближат кампањата и пораката за спречување на насилството врз жените и девојките. Во непосредна комуникација со луѓето разговараа за важноста од препознавање и пријавување на насилство, како и за потребата од посилна институционална поддршка.
Денес се одбележува 25 октомври, меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените. Овој ден е прогласен за меѓународен од страна на Обединетите Нации инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки од Доминиканската Република во 1960 година.
