
Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур.
Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте најдобри репрезентации со триумф над Канада со 22-10.
Црна Гора во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, додека Грција за противник ќе ја има Италија.
Преостанатите два четвртфинални дуели се Србија – САД и Хрватска – Унгарија.
Четвртфинални пресметки се закажани за во недела.