Skip to main content
Македонија

Познати членовите на странската комисија за кардиолошки интервенции

02/02/2026  15:16

Министерството за здравство ги објави имињата на членовите на странската експертска комисија која ќе ги истражува кардиолошките и кардиохируршките операции. Комисијата ја сочинуваат тројца меѓународно реномирани експерти. Меѓу нив е д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, редовен професор на Универзитетот во Удине и визитинг-професор на универзитетите Стенфорд и Сан Диего во САД, со значајно искуство во трансплантација на срце. Тој е и член на уредувачки одбори на повеќе европски медицински списанија.

Член на комисијата е и д-р Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, со долгогодишно раководно искуство во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, доктор на науки на Универзитетот во Марибор и автор на повеќе стручни трудови од областа. Третиот експерт е д-р Миха Черчек, интервентен кардиолог од Словенија, со работно искуство во коронарната единица при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана. Тој е доктор на биомедицински науки и бил ангажиран како истражувач во медицинскиот центар Cedars-Sinai во Лос Анџелес, соопшти Министерството за здравство.