Skip to main content
Балкан

Познат политичар починал на плажа во Халкидики

23/08/2025  14:49

Поранешниот пратеник и висок функционер на Нова демократија, Апостолос Везиропулос (59), почина по срцев удар на плажата Калогрија во Ситонија, Халкидики.

И покрај брзата интервенција на итната помош и обидите на лекарите во Здравствениот дом „Агиос Николаос“ и болницата „Папагеоргиу“ во Солун, неговиот живот не можеше да се спаси. Везиропулос бил поранешен заменик-министер за финансии и актуелен секретар на пратеничката група на Нова демократија.

Сочувство поради неговата смрт изразија европратеникот Никос Папандреу и портпаролот на СИРИЗА, Костас Захаријадес.