
СВР Тетово соопшти дека утрово во 08:56 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен пожар.
– Пријавено дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на Ш.Д.(70) од Тетово. Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д.(70) од Тетово, сопруга на сопственикот.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово.


