Skip to main content
Хроника

Познат идентитетот на лицето, пронајдено во водите на Охридското езеро

21/06/2025  08:31

Охридската полиција, го соопшти идентитетот на лицето, чие што безживотно тело беше извлечено од водите на Охридско Езеро, во центарот на градот.

„На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул. „Кеј Македонија“, во водите на Охридското Езеро бил пронајден В.Ј. (74) од Англија, кој не давал знаци на живот. Лицето било извадено на кејот, а од екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство,“ информираа СВР Охрид.