Skip to main content
Хроника

Познат идентитетот на 41-годишниот тетовчанец кој почина на плажа во Албанија – брзата помош доцнела еден час

20/08/2025  10:33

Агрон Салиу од Тетово е 41-годишниот македонски државјанин кој починал на плажа во Албанија, пренесоа медиумите на албански јазик, кои објавија и негова фотографија.

Тој бил вработен во Основниот суд во Тетово, и ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.

Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и кај колегите, бидејќи починатиот не боледувал од никаква хронична болест.

Косовскиот весник „Експрес“ објави дека зад себе оставил сопруга и две ќерки.