
МВР со детали за несреќата во Охрид каде беше пронајдено починато машко лице.
– На 20.07.2025 година во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато лице. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за М.Џ.(56) од Пожаревац, Република Србија, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.