Skip to main content
Македонија

Пожарот во Струмица што избувна вчера ставен под контрола

22/03/2025  08:17

Пожарот во Струмичко што избувна вечра на потегот од месноста Софилар, градските гробишта и селото Баницае ставен под целосна контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека нема опасност по населени места, ниту по околните викендици.

Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и го ставија под контрола пожарот кој се ширеше поради ветрот.

При гасењето на пожарот помогнаа и пожарникари од други градови, а на терен се градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во гаснењето, информираше дека пожарот е локализиран на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница.

„Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“, објави на неговиот фејсбук профил.