
Пожарот кој денеска изби во близина на Самоков е целосно локализиран и веднаш потоа успешно изгаснат, информираат во свое соопштение од фабриката.

– Во ниту еден момент немаше опасност од ширење на пожарот кон објектите на нашата фабрика во Самоков, ниту пак беше загрозена безбедноста.
Упатуваме искрена благодарност до противпожарните единици и сите надлежни институции за нивната професионалност и навремена реакција.