Skip to main content
Скопје

Пожарот кај Батинци локализиран, екипите остануваат на терен

20/09/2025  19:23

По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е ставен под контрола и моментално не претставува закана за жителите и околните објекти.

Директорот, г. Мухамед Али, присуствуваше на лице место и ја координираше целата акција.

За справување со пожарот беа активирани сите расположливи државни ресурси: два авиони-ератрактори, еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и единиците на пожарникарите од Скопје, кои со висока професионалност успеаја да ја локализираат жариштето.

Екипите остануваат на терен за следење на ситуацијата до целосно гаснење на пожарот и за спречување на евентуално повторно активирање.