
Денеска во 05.05 часот во дворот на ЈЗУ Општа болница- Струмица, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители интервенираа на гасење две запалени хаварисани возила.
Пожарот беше локализиран и изгасен за кратко време после пристигнувањето и беше спречено негово проширување на блиските околни објекти, известија струмичките пожарикари.