
Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина доживеале страшна сообраќајна несреќа на автопатот кај Генекс, во близина на Белградската арена.
Автомобилот што го возел Лазиќ се судрил со автобус и поради силата на ударот, се забил во рамото.
Според луѓе кои биле на местото на настанот, пејачот и неговата сопруга Катарина биле извлечени од смачканиот автомобил од страна на пожарникари и брза помош.
Како што дознава Телеграф, откако бил извлечен од автомобилот, пејачот станал на нозе и се пожалил на главоболка.
Брзата помош реагирала со молскавична брзина и пејачот и неговата сопруга биле префрлени во Военомедицинската академија, каде што се утврдува степенот на нивните повреди.