
Вчера гореше на неколку локации во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информиаат дека пожаритена подрачјето на главниот град се изгаснати.
Пожари имаше на следниве локации:
– Општина Центар: Кеј 13 Ноември (ѓубре)
– Општина Илинден 1: село Миладиновци (ниска вегетација)
– Општина Илинден 2: Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило)
реклама
– Општина Ѓорче Петров: покрај Лепенец (ѓубре)
– Општина Сарај: кај езеро Треска (ѓубриште)
– Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште).
Поради пожарот кај Вардарише вчера голем дел од општина Аеродром со часови беше без струја.
Неофицијално, од ЕВН се сомневаа дека прекинот во снабдувањето кој вчера ги остави аеродромци без струја може да е поврзан со пожарот што попладнето изби на депонијата Вардариште кој е можно да предизвикал пад на електрично напојување на далноводот.
Скопјани, од вчера, се жалат дека во некои населби се чувствува остар мирис на чад од запалено.