Skip to main content
Хроника

Пожар во угостителски објект во Пештани, сопственикот пренесен во болница!

25/10/2025  14:11

На 24.10.2025 во 17:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.

Пожарот е изгасната од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош.

Увид изврши екипа од СВР Охрид.