
Во новата населба Реонски центар во Скопје, која е дел од општина Аеродром гори пожар на отворен простор и има густ чад.

Од она што може да се види гори трева и веќе зафатен е поголем простор во населбата, а во близина на пожарот има спортско игралиште, многу куќи и станбени згради кои лесно можат да бидат зафатени од пожарот.
Во близина на истиот е и основното училиште Александар Македонски.