Skip to main content
Хроника

Пожар во штала во Прилеп

25/06/2025  14:17

Вчера во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци, прилепско, настанал пожар во штала сопственост на шеесет и седумгодишниот П.В. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од истото село констатирани во Градската општа болница Прилеп. Исто така, во пожарот изгореле три домашни животни.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, информираат од МВР.