Skip to main content
Хроника

Пожар во куќа во Струшко

28/01/2026  11:52

На 26.01.2026 година во 20:42 часот, во ОВР Струга е пријавено дека избувнал пожар во куќа во струшкото село Подгорци, сопственост на И.А.(53) од истото село.

Во пожарот во кој нема повредени лица, предизвикана е материјална штета, а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.