Skip to main content
Хроника

Се запали куќа во Горно Соње

13/06/2025  13:55

На 12.06.2025 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Горно Соње, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на П.Т.(50) од Скопје.

Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.