Skip to main content
Македонија

Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе кај бензинска пумпа во Оризари

01/07/2025  10:45


Голем пожар избувна ноќеска во Кочани, при што биле опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Штип.

Инцидентот се случил околу 02:30 часот по полноќ, во близина на бензинска пумпа во кочанската населба Оризари. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил локализиран и изгаснат, а за среќа, нема повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на денот ќе биде извршен увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од ОВР Кочани со цел да се утврдат причините за пожарот и евентуалната материјална штета.

Истрагата е во тек.