
Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот.
Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во кујната.
– Практично немаше опасност за ниту еден од присутните, освен за персоналот во кујната, изјави претставникот на противпожарната служба Мајкл Гонзалес.
Тој информира дека околу 40 гости и персоналот на хотелот биле евакуирани од објектот и времено сместени во блиското казино.
Пожарот бил набрзо изгаснат, предизвикувајќи само материјални штети во кујната.
– Извршивме темелна инспекција. Имаше чад и штета од пожарот, но генерално беше ограничена на кујната, додаде Гонзалес.
Инаку, Кноке-Хајст важи за најпознато и најекслузивно одморалиште на белгискиот брег на Северното Море.
