
Регионалниот центар за управување со кризи – Велес(РЦУК) известува дека во кавадаречкото село Чемерско избувнал пожар во дом за стари лица.
Според РЦУК-Велес, на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 протипожарни возила, а исто така има три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци.
Во меѓувреме, со две возила се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом во Кавадаречко, известија од ЦУК