
Вечерва во марината во Будва избувна голем пожар кој зафати луксузна јахта сопственост на познатиот бизнисмен Брацо Мирановиќ, јавува „Телеграф“. Според информациите, огнот се проширил и на уште две јахти кои се наоѓале во радиус од околу 500 метри.
Пожарот избувнал рано навечер, а на лице место веднаш пристигнале екипи на противпожарната служба и полицијата, кои ја презеле контролата врз ситуацијата и ја обезбедиле марината.
Од пристаништето за „Вијести“ потврдија дека јахтата на Мирановиќ била извлечена од марината и однесена на отворено море, со цел да се спречи поголема катастрофа и заштита на останатите пловила.
„Во гаснењето на пожарот беа вклучени седум екипи“, изјави Драган Божовиќ, раководител на Службата за заштита и спасување на Будва.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната. Властите спроведуваат истрага за да ги утврдат околностите околу инцидентот.