Skip to main content
Македонија

Пожар во близина на Струга, тројца пожарникари завршиле во болница

20/07/2025  16:31

Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид.

Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото.

Во интервенцијата учествувала Територијалната противпожарна единица Струга, но тројца пожарникари добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга.

Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.