Skip to main content
Македонија

Пожар над селото Раштак, во гаснењето вклучени два ер трактора и полициски хеликоптер

07/09/2025  17:21

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје. 

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер.

– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.