Skip to main content
Македонија

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

06/11/2025  19:50

Во областа над селото Арнакија, во општина Сарај регистриран е шумски пожар на непристапен терен, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

На локацијата се присутни екипи на Министерство за внатрешни работи (МВР), а истовремено се известени и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ – Град Скопје), Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и Дирекција за заштита и спасување Скопје.