Skip to main content
Хроника

Пожар на Скопско кале во близина на американската амбасада

03/07/2025  19:22

Шест пожарникари со две противпожарни возила денеска интервенирале во гаснење на пожар што избувнал на локација на Скопското кале во близина на Амбасадата на САД.

Командирот на скопската противпожарна единица, Звонко Томевски, во изјава за „360 степени“, вели дека на локацијата кај Француските гробишта, на поголема површина, гореле сува трева и грмушки.

„Пожарот е изгаснат. Нема причинето друга материјална штета“,рече Томевски.