Skip to main content
Македонија

Пожар кај Раштак и Страчинци, изгореа помошни простории од викенд куќа

08/09/2025  15:23

Пожар во атарот на селата Раштак и Страчинци вчера зафатил дел од викенд куќа и неколку помошни објекти, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 15 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека гори сува трева и нискостеблеста шума кај селата Раштак и Страчинци. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќата, пет помошни простории за чување живина, алат и други предмети, сопственост на Н.М., 51-годишно лице од Скопје – се вели во соопштението.

Пожарот бил целосно изгаснат од екипа на скопската Бригада за противпожарна заштита и нема повредени лица.