Skip to main content
Свет

Пожар избувна во индустриски погон во Запорожје по руски напад, нема жртви

16/06/2025  10:48

Пожар избувна во индустриски погон во Запорожје во југоисточна Украина по руски напад, а според прелиминарните податоци, нема жртви, изјави началникот на администрацијата на воениот округ, Иван Федоров.

Тој објави на Телеграм дека службите за итни случаи работат на местото на настанот.

Експлозии се слушнале во Запорожје за време на воздушна тревога прогласена поради руски дронови, објави Укринформ.