
Пожар избувна денеска на пристаниште во областа Пендик во Истанбул, јави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк.
Пожарот избувнал околу 12:00 часот по локално време на пристаништето. Се претпоставува дека се запалил резервоар за гориво за чамци и јахти.
Густ црн чад се крена над областа, предизвикувајќи паника кај луѓето. Многу противпожарни возила се испратени во областа. Според последните информации на Си-Ен-Ен-Турк, пожарот е ставен под контрола.
Нема информации за настрадани. За случајот е покрената истрага.