Skip to main content
Балкан

Пожар изби патнички вагон во Бугарија – четири лица загинаа

31/12/2024  10:35

Изби пожар во вагон на Централната станица во Софија. Бугарската полиција вели дека четири лица загинале. Инцидентот се случил по 2 часот по полноќ.

MK Summit

Се верува дека загинатите лица се бездомници. Според првичните информации, тие подметнале пожар во вагонот, кој подоцна се раширил низ целиот вагон. Две лица се повредени и со тешки изгореници пренесени во „Пирогов“.

Овој воз бил од состав подготвен за патување.