Skip to main content
Македонија

Пожар изби на Јасен, тешко се гаси оти гори шума на тешко пристапен терен

11/08/2025  08:42

Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. „капија Кула”), информираат во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На местото на пожарот биле вработените од Јасен кои гаселе од земја на исклучително тежок терен.

„Пожарот го гасеа и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување а подоцна на нив се придружија и два полициски хеликолтери. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола. Но ноќта, пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како подршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС. И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден. Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС“, информираат оттаму.