
Предизвикан е пожар, а имало и пукање пред српскиот Парламент во Белград каде што има поставено шатори кои се поставени од страна на студентите кои се спротиставуваат на блокадите.
Од она што првично се дознава од тамошните медиуми повредено е едно лице.
За ова веднаш се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ кој сето ова го карактеризира како терористички чин и дека наскоро ќе има вонредно обраќање до српската јавност.