
Пронајдена е бактеријата ешерихија коли во намаз во едно од одновните училишта во Карпош. По земените мостри храна и брисеви во рамки на вонредните контроли во деветте основни училишта, АХВ утврди присуство на оваа бактерија при што е наредено намазот да се исфрли од употреба. Два од тестираните брисеви биле позитивни, но, кај нив не е утврдено присуство на патогени бактерии.
На операторот со храна му се изречени две казни од по 900 евра. За непоседување сертификат за завршен курс по хигиена за едно лице и немање соодветни услови за работа, во две училишни кујни е изречена и казна од 650 евра.
По инцидентот во ОУ ,,Димо Хаџи Димов”, денес повторно беа земени брисеви од работните површини во кујната. На здравствени санитарни прегледи се упатени и вработените во кујната.Таа ќе остане затворена се додека не се утврди дека е безбедна.
АХВ официјално и ги доби резултатите од тестирањата од работните површини,прибор,машини и вработени лица во кујната во ОУ ,,Димо Хаџи Димов” но и од контролите што беа спроведени во други девет училишта во Карпош со кои стопанисува истиот оператор со храна. Со 600 евра во денарска противвредност и 300 евра за одговорносто лице, казнет е операторот со храна бидејќи со земените мостри храна од ОУ “Димо Хаџи Димов”било потврдено дека послужената мусака, не ги задоволува микробиолошките критрериуми за безбедност, односно утврдено е присуство на бактерија (Enterobacteriaceae).
