
Велосипедист попладнево беше прегазен на скопскиот булевар „Крсте Мисирков“ пред зградата на Апелациониот суд, а притоа е повреден и возачот на автомобилот.

Според полицијата, двајцата повредени се пренесени во скопските болници, но нема подетални информации за тежината на нивните повреди.
„Денеска (08.07.2025) во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки и велосипед. Возачот на возилото и велосипедистот се здобиле со повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увидот е во тек“, пишува во полициското соопштение.
Инаку, вчера велосипедист беше удрен и на кружниот тек кај Порта Влае кон Ѓорче Петров.