Skip to main content
Uncategorized

Повторно прегазен пешак во Скопје

15/01/2026  13:35

На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во  Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.