Skip to main content
Хроника

Повторно прегазен пешак во Скопје

28/11/2025  13:14

На 27.11.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустинијан Први” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од с.Моране, скопско удрило во пешакот К.С.(60) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.