Skip to main content
Македонија

Повторно колони возила и гужви на границата со Грција

30/04/2025  21:33

Утрешниот празник, денот на трудот, но и близината со викендот, создадоа поволна прилика голем број Македонци да си направат уште еден споен викенд, па повторно видливи се колони возила за излез од државата на граничниот премин Богородица.

Камерите на Јавното претпријатите за државни патишта вечерва покажуваат дека огромен број возила распоредени во четири колони чекаат за влез во Грција.

Од Автомотосојузот на Македонија, информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Зголемениот проток на возила на граничниот премин со Грција е вообичаен во пресрет на утрешниот празник како и секоја година.